КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ ПОРТАЛОТ КОНКУРЕНТНОСТ.МК
 
Институции / Програми / Проекти
Области на поддршка
ЕУ фондови и донаторска поддршка
Јавни повици
 
 
Владините мерки придонесоа за зголемување на конкурентноста на домашната економија
 

Денеска министерот за економија Ваљон Сараќини свечено ги додели решенијата за поддршка на деловните субјекти , кои Министерството за економија секоја година ги доделува на кластерските здруженија, на деловните субјекти од областа на индустриската политика и на деловните субјекти за реализирање на туристички манифестации.

„Годинава, за поддршка на проекти на кластерските здруженија доделени се средства во вкупен износ од 1.600.000 денари, и тоа за заеднички проекти за поврзување на кластерите со универзитетите, за развој на иновативноста и развој на брендирани производи, за секторска извозна промоција, за организирање тематски саеми и за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањата на ЕУ-пазарите“, истакна министерот Сараќини, притоа информирајќи дека поддршка добија шест кластери и тоа „Фондација Тиквешки вински пат“ Неготино, кластер за поддршка на туризам во Полошкиот регион „Шарри“ од Тетово, Македонско здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела, Здружение за полжави „Агрохеликс“, Проект за развивање на стандарди за квалитет и прилагодување на барањето на ЕУ пазарите и Здружение на органски производители „Органика“.

Во областа на индустриската политика од одобрените 2.095.000 денари, досега се искористени 1.135.000 со кои се поддржани 9 деловни субјекти и тоа за развој на пазар, за развој на нов производ или подобрување на постојниот и тоа на Сковин АД, Виталиа, Евроекс ДООЕЛ, Свемек ДООЕЛ, Астибо Беас, Хатра и Кодекс компјутери, додека пак во делот на субвенции за разни туристички манифестации и форуми од областа на туризмот вкупно се одобрени 498.000 денари, со кои се поддржани 12 деловни субјекти и тоа, Општина Чаир, Општина Кочани, Здружение Фортеса-Ш 2007, Невладина организација ВИЛИЏ, Сојуз на училишен спорт на Општина Чаир, Здружение зрак во темнина, Лукс - Струга, Кингмарколанд. организација за развој на етно, историски и рецептивен туризам, РЦМЕ Медика, Рекорд Продукција - Куманово, Мимакс Балон ДООЕЛ, Дрезда Релакс од Струга.

Претставникот на Балкан – Гасови ДОО Богданци, потенцираше дека поддршката на Министерството за економија во овој сегмент е многу значајна, и дека конкретно во нивниот бизнис, добиените средства биле искористени за истражување на нови пазари како Тунис, Африка, Алжир, Франција и др.

Присутниот претставник од Општина Чаир истакна дека добиените  средства планираат да ги искористат за  организирање на манифестацијата, печатење на промотивен материјал и промовирање на туристичките потенцијали во странство, сѐ со цел Старата Чаршија да стане центар на туризмот не само во Македонија, туку и пошироко. Претставникот од кластерот за туризам во Полошкиот регион Шарри посочи дека добиените средства ќе ги искористат за Проект за поттикнување на соработката помеѓу давателите на туристички услуги, промоција и развој на туризмот во Полошкиот регион.

Министерот Сараќини потенцираше дека благодарение на сите владини мерки Република Македонија бележи подобрување на конкурентноста на македонската економија и во Извештајот за конкурентност 2013-2014 година кој оваа недела го објави Светскиот економски форум е рангирана на 73. место, што значи подобрување во споредба со минатата година, кога земјата се најде на 80. место.

„Во годинешниот извештај, Светскиот економски форум на Република Македонија ѝ додели 4,1 поени од можни 7, па на листата од 148 економии ја смести пред земјите како Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ“, појасни Сараќини, додавајќи дека според одделните индикатори во извештајот се истакнува дека Македонија е подобрена посебно во делот за ефикасност на пазарот, во делот за поедноставените процедури за започнување на бизнис, како и трошоците поврзани со овие процедури, а подобрувањето е забележано и во делот на заштита на инвеститорите, распределбата на јавните фондови, како и во транспарентноста на донесување одлуки во јавни институции.

 



 
НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА
 
Зголемен буџет за научно–истражувачка дејност оваа година / 15-01-2014

На денешната прес-конференција, министерот Спиро Ристовски ја промовираше Програмата за научно-истражувачка дејност за ...
Сараќини: Со пакетот владини мерки за развој на туризмот остваруваме константен раст во туристичкиот сектор / 11-01-2014

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ја посети Агенцијата за промоција и поддршка на ...
П О В И К за запишување на студенти во третиот циклус докторски студии ; 02 – 31 Јануари 2014 / 10-01-2014

П О В И К за запишување на студенти во третиот циклус ...
Ристовски: Лабораториите да го забрзаат процесот на акредитација / 10-01-2014

Денес министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ја посети Лабораторијата за тестирање мебел, ...
TAIEX работилница на тема „Како да се подготви успешен предлог проект за Хоризонт 2020“, 12 февруари 2014 година / 08-01-2014

Министерството за образование и наука ја продолжува успешната соработка со научно-истражувачката и бизнис заедница остварена ...
Проект – „Натпревар за бизнис план„ под мотото „Биди креативен, започни свој бизнис“ / 27-12-2013

  
Информации за Проект – „Натпревар за бизнис план„
под мотото „Биди креативен, започни свој ...
повеќе новости и соопштенија  
 

Министерство за економија на Република Македонија

КОНКУРЕНТНОСТ.МК – Централен веб портал за информирање на деловната заедница за можностите за поддршка на конкурентноста
 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот
Информациите објавени на оваа веб страна не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој или на Владата на САД.