6 Конкурентност.МК
 
 
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ ПОРТАЛОТ КОНКУРЕНТНОСТ.МК
 
Институции / Програми / Проекти
Области на поддршка
ЕУ фондови и донаторска поддршка
Јавни повици
 
Политика за приватност


Порталот КонкурентностМК е посветен на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во оваа политика за приватност се наведени видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користење на веб-локацијата на Конкурентност (www.konkurentnost.mk), како и некои од чекорите кои се преземаат за нивна заштита.

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-локацијата значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-локацијата. Оваа Политика за приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани локално и на веб-локации до кои се поставени врски на веб-локацијата.

Политиката за приватност на порталот КонкурентностМК се заснова врз Законот за заштита на лични податоци. Пречистениот текст на Законот во електронска форма може да се најде на веб-локацијата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (www.dzlp.mk).


Основни одредби

Сите лични податоци под контрола на порталот КонкурентностМК добиени преку веб-локацијата се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.

Личните податоци под контрола на КонкурентностМК се користат само за намената за која се собрани, а ако има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.

Политика на порталот КонкурентностМК е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, ако е определен со договор или закон.

Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-локацијата на порталот КонкурентностМК се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.


Серверски дневници на записи (логови)

За веб-локацијата на КонкурентностМК соодветниот давател на веб-хостинг води дневници на записи на серверот во кои се запишува ИП-адреса, веб-прегледувач, датум и време на пристап и преземена датотека од веб-локацијата, за секоја таква операција. Со овие дневници на записи се постапува во согласност со општите одредби или индивидуалната политика за приватност на давателот на веб-хостинг, којшто е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските дневници на записи) најмалку 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.


 
НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА
 
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 14-11-2017

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
СООПШТЕНИЕ за продолжување на рокот на Јавниот повик за поддршка на патенти / 03-08-2016

СООПШТЕНИЕ
Министерството за економија ги известува заинтересираните физички лица дека рокот за аплицирае на објавениот ...
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 22-06-2016

  
 
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании / 15-04-2016



Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, ...
Објавен Јавен повик за поддршка на брзорастечки фирми Газели преку грант до 615.000,00 денари по работодавач / 12-02-2016

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за програми и мерки ...
Нови можности за финансирање на иновативни компании преку Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ / 09-02-2016

повеќе

повеќе новости и соопштенија  
 

Министерство за економија на Република Македонија

КОНКУРЕНТНОСТ.МК – Централен веб портал за информирање на деловната заедница за можностите за поддршка на конкурентноста
 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот
Информациите објавени на оваа веб страна не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој или на Владата на САД.