6 Конкурентност.МК
 
 
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ ПОРТАЛОТ КОНКУРЕНТНОСТ.МК
 
Институции / Програми / Проекти
Области на поддршка
ЕУ фондови и донаторска поддршка
Јавни повици
 
 
СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТИ
 
Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011 – 2015
Во Програмата се дефинирани стратешките цели и економските приоритети на Владата на РМ за периодот 2011 – 2015 година, како и голем број конкретни политики, мерки и проекти насочени кон зголемување на конкурентноста на македонската економија.
Индустриска политика на Република Македонија 2009-2020
Индустриската политика е стратешки документ чија основна цел е поттикнување на економскиот раст и развој на Република Македонија преку интегрирање и координација на досегашните и идните политики и мерки во областите клучни за зајакнување на конкурентноста на македонската индустрија.
Ревидирана Национална стратегија за развој на малите и средни претпријатија 2002-2013
Стратегијата ги дефинира основните стратешки цели и приоритети за понатамошно унапредување на претприемништвото и секторот на МСП во Република Македонија.
Стратегија за промоција на извозот
Стратегијата е насочена кон зголемување на извозот на Република Македонија во период од три години и кон унапредување на институционалната рамка за промоција на извозот преку зајакнување на капацитетот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Стратегија за иновации на Република Македонија 2012 – 2020
Стратегијата ги идентификува политиките и активностите кои ќе се имплементираат на поле на зајакнувањето на иновативноста и технолошката подготвеност на компаниите и развојот на капацитетите на човечкиот фактор соодветни за градење на економија базирана на знаење.
Национална стратегија за развој на туризмот во Република Македонија 2009 – 2013
Основна цел на стратегијата е да го зајакне имиџот на Република Македонија како препознатлива европска дестинација за туризам, базиран на културното и природно наследство и понуда на производи и услуги со висок квалитет.
Национална стратегија за рурален туризам 2012 - 2017
Со стратегијата се идентифукуваат концептот и насоките на руралниот туризам и се креира рамка за негово поттикнување како дел од туристичката понуда на Република Македонија.
Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2007 – 2013
Стратегијата претставува инструмент за развој на македонското земјоделство и руралните области и дава основ за изработка на сите останати хиерарсиски пониски оперативни планови во оваа област
Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2015
Стратегијата ги дефинира среднорошните стратешки насоки и предизвици за развој на пазарот на трудот за периодот 2011 – 2015 година.
Стратегија за регионален развој на Република Македонија 2009-2019
Стратегијата ги дефинира стратешките цели и приоритети на политиката за поттикнување на регионалниот развој во Република во периодот 2009 – 2019 година која се стреми кон постигнување рамномерен и одржлив развој на целата територија на Република Македонија.
Национална стратегија за одржлив развој во Република Македонија 2009-2030
Стратегијата ги идентификува долгорочните фундаменти на развојот на Република Македонија во следните дваесет години во согласност со економската, еколошката и социјалната димензија на одржливоста.
Стратегија за унапредување на извозот на македонската индустрија за софтвер и информатички услуги
Владата на Република Македонија усвои Стратегијата за унапредување на извозот на ИТ индустријата, со цел да се олесни интернационализацијата на македонските компании за софтвер и ИТ услуги, да се зголеми конкурентноста на македонската индустрија за софтвер на одржлива основа и да се зајакне нејзината улога како катализатор на растот, продуктивноста и иновациите во македонското стопанство.
Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија до 2020 година
Со цел да се унапреди енергетската ефикасност на Република Македонија, Министерството за економија подготви стратешки документ со акциски план кој важи до 2020
Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија во Република Македонија до 2020 година
Стратегијата го анализира потенцијалот на Република Македонија да го зголеми уделот на енергијата добиена од обновливи извори (хидроенергија, биомаса, геотермална енергија, сончева и ветерна енергија) во вкупниот енергетски биланс.
Национална програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2013-2017 година
Програмата претставува основ за унапредување на воспоставените политики за поддршка на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехрамбената индустрија и обезбедување одржлив развој на руралните средини.
Претпристапна економска програма 2013-2015
Република Македонија ја подготви седмата по ред Претпристапна економска програма која го опфаќа периодот од 2013 до 2015 година. Програмата претставува претходник на Програмите за конвергенција, кои земјите-членки на Европската унија ги подготвуваат во рамки на Пактот за стабилност и раст. Претпристапната економска програма 2013-2015 го рефлектира фокусот на Владата на Република Македонија врз зголемувањето на економскиот раст и развој со цел намалување на невработеноста и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.
Национална програма за економски реформи 2015
Националната програма на економски реформи (НПЕР) за 2015 година е прв ваков документ изработен согласно насоките дадени од страна на Европската комисија (ЕК). Се состои од два дела: првиот се однесува на среднорочната макроекономска и фискална рамка, а вториот ги претставува секторските структурни реформи за промовирање на конкурентност и раст. Програмата е изработена во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2014 – 2018 година и останатите национални стратешки документи, како што се Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, Спогодбата за стабилизација и асоцијација и националните секторски стратегии.
Стратегија за претприемачко учење во Република Македонија 2014-2020
Претприемаштвото се препознава како една од најважните проблематики на модерната економија; меѓутоа, истовремено тоа е познато и како една од најсложените области. Стратегијата за претприемачко учење1 (ПУ) има за цел да ja зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе ги оспособи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемаштвото претставува начин на размислување и однесување; се работи за идентификување на можностите, составување тим, обезбедување ресурси, како да се биде позитивен, како да се преземаат ризици и како да се создава подобра иднина.
 

 
НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА
 
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 14-11-2017

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
СООПШТЕНИЕ за продолжување на рокот на Јавниот повик за поддршка на патенти / 03-08-2016

СООПШТЕНИЕ
Министерството за економија ги известува заинтересираните физички лица дека рокот за аплицирае на објавениот ...
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 22-06-2016

  
 
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании / 15-04-2016



Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, ...
Објавен Јавен повик за поддршка на брзорастечки фирми Газели преку грант до 615.000,00 денари по работодавач / 12-02-2016

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за програми и мерки ...
Нови можности за финансирање на иновативни компании преку Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ / 09-02-2016

повеќе

повеќе новости и соопштенија  
 

Министерство за економија на Република Македонија

КОНКУРЕНТНОСТ.МК – Централен веб портал за информирање на деловната заедница за можностите за поддршка на конкурентноста
 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот
Информациите објавени на оваа веб страна не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој или на Владата на САД.